Американскиот претседател Доналд Трамп не престанува да ја шокира светската јавност со неговите изјави. Имено на прес-конференција вчера во Белата куќа тој пред новинарите се пошегува дека би можел да се кандидира за претседател на Венецуела, тврдејќи дека таму би имал поголема поддршка од кој било политичар, пренесе „Фокс њуз“.
Изјавата ја даде на настан посветен на операција за спасување пилот на американското воено воздухопловство, откако американскиот борбен авион беше соборен над Иран.
View this post on Instagram
A post shared by FOX 5 NY (@fox5ny)
Во таа пригода Трамп, меѓу другото, изјави дека брзо ќе научи шпански и дека по завршувањето на актуелните обврски би можел да отиде во Венецуела и да се кандидира за претседател таму.
„Граѓаните на Венецуела, велат тие, ако се кандидирам за претседател на Венецуела, имам поголема популарност на анкетите отколку што некој некогаш имал во таа земја, па откако ќе завршам со ова, можам да одам во Венецуела. Брзо ќе научам шпански. Нема да ми треба долго. Добар сум во јазиците и ќе одам во Венецуела. Ќе се кандидирам за претседател. Тоа е прекрасна опција за мене. Но, ние сме многу задоволни со новоизбраниот претседател што го имаме во моментов“, рече Трамп.
Трамп повеќепати ја спомена Венецуела, правејќи споредби меѓу спасувачката операција и настани што ги поврза со дејствувањето на Пентагон во таа јужноамериканска земја. Во тој контекст тој посочи дека конфронтацијата со Венецуела била готова за 45 минути и изнесе тврдење дека САД во меѓувреме презеле стотици милиони барели нафта од земјата.
The post ВИДЕО | Трамп: Moжам да бидам претседател на Венецуела, само да го совладам шпанскиот appeared first on Слободен печат.
ВИДЕО | Трамп: Moжам да бидам претседател на Венецуела, само да го совладам шпанскиот

