СВЕТ

Астронаутите од „Артемис 2“ срушија рекорд – се оддалечија од Земјата повеќе од кој било друг во историјата

blank

Астронаутите од мисијата на НАСА, „Артемис 2“ поставија нов рекорд во историјата на вселенските патувања, тие се најоддалечените луѓе од Земјата некогаш забележани. Нивната мисија го надмина претходниот рекорд од 248.655 милји (400.171 километар), кој во 1970 година го постави екипажот на Аполо 13, пренесува „Еуро њуз“.
Мисијата „Артемис 2“ за помалку од еден час пред почетокот на прелетот и интензивните набљудувања на Месечината, го надмина рекордот, поставувајќи нов, најголем досега во историјата на човештвото.
Четворица астронаути, командантот Рид Вајсман, специјалистите за мисија Кристина Коч и Џереми Хансен, како и пилотот Виктор Гловер, моментално патуваат околу Месечината во рамки на десетдневна мисија. Ова е првпат по повеќе од половина век луѓе да ја напуштат орбитата на Земјата и да се упатат кон нашиот најблизок вселенски сосед.
НАСА емитува пренос од мисијата „Артемис 2“ во живо 24 часа дневно, кој може да се следи на Јутјуб, на платформата Икс, како и на официјалната интернет-страница и апликациите на НАСА за паметни телевизори.
Откако астронаутите ќе стигнат до другата страна на Месечината, ќе доживеат затемнување на Сонцето во траење од 53 минути и ќе можат да ја набљудуваат сончевата корона од единствена перспектива, како и необични погледи кон Земјата и другите планети.
Мисијата „Артемис 2“ беше лансирана во орбита вечерта на 1 април, а по еден ден тестирање на клучните системи во висока орбита околу Земјата, екипажот ја напушти планетата на вториот ден од мисијата.
Во текот на третиот и четвртиот ден, астронаутите тестираа дополнителни системи и комуницираа со своите семејства, а на крајот од петтиот ден влегоа во лунарната сфера на влијание, каде што гравитацијата на Месечината е посилна од онаа на Земјата.
Иако астронаутите нема да слетаат на површината на Месечината, леталото Орион ќе ја обиколи нејзината далечна страна и ќе се врати назад. За време на прелетот, екипажот ќе спроведе различни научни и технички експерименти, ќе ги тестира системите на леталото и ќе собира податоци клучни за идните мисии со човечки екипаж на Месечината.
Мисијата „Артемис 2“ е значаен чекор во планот на НАСА за трајно враќање на луѓето на Месечината и подготовка за идни вселенски истражувачки мисии, вклучително и потенцијални патувања кон Марс.
The post Астронаутите од „Артемис 2“ срушија рекорд – се оддалечија од Земјата повеќе од кој било друг во историјата appeared first on Слободен печат.

Астронаутите од „Артемис 2“ срушија рекорд – се оддалечија од Земјата повеќе од кој било друг во историјата


Астронаутите од „Артемис 2“ срушија рекорд – се оддалечија од Земјата повеќе од кој било друг во историјата

Автори:

ПОВРЗАНО

🛑ИСИС Уби Американци во Сирија: Трамп објави МНОГУ СЕРИОЗНА ОДМАЗДА

STREAMER.MK

🚨 ШОК НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Израел објави дека ајатолахот Хамнеи е мртов по масовен удар!

STREAMER.MK

📽️ХОРОР ВО УЧИЛИШТЕ: ШТО МУ ПРЕТХОДЕШЕ НА КРВАВИОТ НАПАД?

STREAMER.MK