Ирански претставници изјавија за Ал Џезира дека Иран ќе им дозволи на бродовите од некои пријателски земји да поминат низ Ормускиот теснец во замена за безбедносни такси.
Според дописникот на Ал Џезира од Техеран, Али Хашем, претставникот изнел неколку точки што го претставуваат ставот на Иран. Иран ќе им дозволи на бродовите од некои пријателски земји да поминат низ Ормускиот теснец во замена за безбедносни такси. Врз основа на одлуката на највисоките државни институции, Иран има намера да добие воена компензација преку овие такси- пишува Кликс.ба.
Иран решително ќе одговори на нападите врз објектите Махшахр и ќе бара компензација. На неколку индиски, пакистански, турски и француски бродови веќе им се доделени дозволи за премин. Во низа најави, американскиот претседател Доналд Трамп се закани со жестоки напади врз Иран доколку Ормутскиот теснец не се отвори во наредните денови.
The post Само бродовите што плаќаат ќе поминат низ Ормускиот теснец appeared first on Слободен печат.

