МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Злоупотреба на протестот на студентите заради дестабилизација

blank

Решение што мора да биде уставно и според меѓународните стандарди, одговори премиерот Христијан Мицкоски на барањето на студентите Албанци правосудниот испит да го полагаат на албански јазик, а за што и протестираа вчера пред Министерството за правда. Мицкоски обвини и дека албанската опозиција го искористила протестот на студентите за да ја дестабилизира државата и за тоа веќе ги известил сојузниците од НАТО и од Европската Унија.
Мицкоски: Основана е комисија од уставни експерти
 
– Работиме на решение што мора да биде уставно и мора да биде во согласност со меѓународните стандарди. Знаете, барањата се едно, но Уставот и меѓународните стандарди се друго и мора така да се однесуваме. Ако сакаме европски да се однесуваме, тогаш мора да ги почитуваме и Уставот и меѓународните стандарди. Факт е дека Законот што е донесен, а тоа е Законот за примена на јазиците, е предизвикан пред Уставниот суд, и тоа токму во делот на владеење на правото и правосудството. Факт е дека имаме негативно мислење од Венецијанската комисија кога се однесува за двојазичноста во правосудството, бидејќи прво, немаме доволно ресурси за тоа да го имплементираме, и второ, не се гарантира владеењето на правото, односно има нееднаквост во владеењето на правото, и затоа тие силно препорачуваат да се вратиме на владеење на Законот за јазиците од 2008 година – рече премиерот.

Мицкоски додаде и дека студентите имаат право на правен факултет да учат на својот мајчин јазик, во случајов на албански јазик, и дека се дел од образовниот систем во Македонија. Тој повтори дека е основана комисија од уставни експерти и дека таа треба да изнајде решение што ќе биде и уставно и во согласност со меѓународните стандарди.
– Исто така е факт дека вчера видовме голем број опозициски активисти, но и високи функционери што беа на протестот и му дадоа политичка конотација. Ние за тоа ги информиравме нашите сојузници и во НАТО и нашите сојузници во ЕУ, за обид на опозицијата на одреден начин да направи дестабилизација и мислам дека тоа не наиде на одобрување од високи претставници на меѓународната заедница – рече Мицкоски.

И Бујар Османи ги информирал меѓународните претставници
Но и потпретседателот на ДУИ Бујар Османи ги информирал меѓународните претставници дека Владата ја искривува природата на студентските протести и ги етикетира како политички мотивирани, со што се создава неточна перцепција за реалноста во земјата.
„Нагласив дека овие напори да се доведат во заблуда меѓународните партнери не ги одразуваат вистинските загрижености на студентите, кои се директно поврзани со спроведувањето на постојните права. Во овој контекст, ги разјаснив и неточните толкувања на мислењето на Венецијанската комисија. Мислењето од март 2025 година не се однесува на ограничувањето на јазичните права и не се повикува на нашето законодавство, туку се фокусира на практичните аспекти на спроведувањето, какви што се трошоците и логистичката поддршка, нагласувајќи дека ова се минимални стандарди што мора да се исполнат. Во време кога е потребна целосна имплементација на правата, од суштинско значење е комуникацијата со меѓународната заедница да се базира на факти и фер прикажување на реалноста“, напиша Османи.

Бујар Османи Фото: Османи Фејсбук
ДУИ соопшти дека правото на употреба на албанскиот јазик е гарантирано и институциите мора веднаш да обезбедат негова примена во практика.
„Албанските студенти ќе го полагаат испитот на албански јазик и ние стоиме зад она што го кажавме“, напиша тој.

Обвинувања од Владата кон ДУИ дека преку протести се обидува да ја дестабилизира државата имаше и пред една година, кога албанскиот опозициски блок, предводен од лидерот на ДУИ Али Ахмети, протестираше пред Уставниот суд за Законот за јазиците.
„Тој не те прави автоматски ниту судија ниту обвинител, туку само ти ја отвора вратата за понатамошна обука, која и онака се одвива на македонски јазик. Затоа не е јасно каде е проблемот студенти што четири години студирале на албански јазик да го користат правото што им следува со закон“, напиша Ходаи на социјалните мрежи.

Foto: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ
Поддршка дури и од Вјоса Османи
Студентите на протест побараа правосудниот испит да го полагаат на албански јазик и порачаа дека нема нови преговори за Охридскиот договор, потоа да не се чепка Законот за јазиците, скандирајќи: „УЧК, УЧК“. Тие пред Министерството за правда вчера побараа и оставка од министерот Игор Филков.
„Поддршка на студентите! Поддршка на албанскиот јазик! Поддршка на сестрите и на браќата Албанци во Северна Македонија, денес и засекогаш!“, напиша поранешната претседателка на Косово, Вјоса Османи.

Познатиот водител од Албанија Бленди Февзиу преку видео нагласи дека студентите Албанци имаат легитимно право да полагаат испит по право на албански јазик.
„Албанските студенти во Скопје се гордост на сите Албанци“, вели тој.

Обид за манипулација од политички структури, е ставот на Министерството за правда
Од Министерство за правда реагираа дека на протестот имало „обид за манипулација од политички структури“.
„Постојат сомнежи за инструментализација на чувствителни прашања и користење етничка реторика за политички цели, а отсуството на државни обележја отвора прашања за односот кон уставниот поредок“, реагираше Министерството.

Игор Филков / Фото: „Слободен печат“ /Слободан Ѓуриќ
Оттаму повторија дека правосудниот испит се спроведува во согласност со важечката законска рамка и дека станува збор за стручен испит, а не управна постапка.
– Правото не е политички или етнички договор, туку државен и професионален стандард – вели Кекеновски.

Во моментов, важечката законска регулатива предвидува обврска идните адвокати, судии и јавни обвинители да го полагаат правосудниот испит на македонски јазик. Министерот Филков во неколку наврати беше дециден дека во моментов, можност за полагање на друг јазик освен на македонскиот јазик, не постои.
Мицкоски да се пријави себеси во НАТО и во ЕУ за поделби и дестабилизација
Од опозицискиот СДСМ велат дека за ова прашање треба да се најде решение за да може секој да ужива во основните човекови права во согласност со законот. Од партијата велат дека овие прашања биле затворени, но со доаѓањето на новата власт повторно се отвораат.
Јована Тренчевска СДСм Фото: Принтскрин

– Проблем и главни инспиратори на сите овие поделби се токму Мицкоски и Владата. Денеска го слушнавме низ медиумите дека ќе пријавел во НАТО и во ЕУ за ова. Ете, да му порачаме на Мицкоски тој да се пријави и во НАТО и во ЕУ, затоа што тој ја дестабилизира состојбата во државата. Овие прашања беа затворени, но откако Владата на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ е на власт, повторно се поставуваат прашања за поделби – рече Јована Тренчевска од СДСМ.

The post Мицкоски: Злоупотреба на протестот на студентите заради дестабилизација appeared first on Слободен печат.

Мицкоски: Злоупотреба на протестот на студентите заради дестабилизација


Мицкоски: Злоупотреба на протестот на студентите заради дестабилизација

Автори:

ПОВРЗАНО

🟥 ШОК! ВМРО-ДПМНЕ АЛАРМИРА: „КЛАНОТ ЗАЕВ“ ДОБИЛ 1,4 МИЛИОНИ ЕВРА ИПАРД – НИКОЛОВСКИ НАВОДНО „ВОЗВРАЌАЛ УСЛУГИ“?!

STREAMER.MK

🛑Филипче уште збор не изговорил, а демантот веќе е подготвен – класика од политичката сцена

STREAMER.MK

🛑СТОП ЗА ССО И РОДОВО-СЕНЗИТИВНИ КОНЦЕПТИ: Родителите бараат Јаневска да не ги повтори грешките на Царовска

STREAMER.MK