14-годишно девојче е тешко повредено откако во него удрило комбе на улица во Куманово, соопшти Министерството за внатреши работи.
Според информациите, несреќата се случила вчера попладне, а девојчето итно било пренесено во болница.
„Вчера попладне во 15:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово, товарно возило „фолксваген транспортер“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(34) од Куманово, удрило во 14-годишно девојче од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово“ соопшти полицијата.
Млада битолчанка почина во гостиварската болница
The post Комбе прегази 14-годишно девојче во Куманово appeared first on Слободен печат.

