ИНТИМА

ВИДЕО | Рајан Гослинг откри дека никогаш не би го правел она што го прави Харисон Форд во спалната соба

blank

Рајан Гослинг, актерот кој е познат по тоа што приватниот живот со сопругата Ева Мендес го држи подалеку од јавноста, овојпат направи исклучок и откри детал од нивната интимност. Гослинг и Мендес се заедно од 2011 година и ретко се појавуваат во јавноста, но актерот во едно интервју проговори за тоа што во нивната спална соба не доаѓа предвид.
Музика од сопствени филмови? Никако!
Гостувајќи во поткастот „New Heights“, кој го водат браќата Тревис и Џејсон Келси, 45-годишниот Гослинг ја коментираше неодамнешната изјава на својот колега од филмот „Блејд ранер“, Харисон Форд.

Форд, во разговор со Џими Кимел, изјавил дека со сопругата Калиста Флокхарт за време на интимните моменти слуша музика од своите филмови. Не е сосема јасно дали се шегувал или зборувал сериозно, но неговиот коментар привлече големо внимание.
Судејќи по реакцијата на Гослинг, таквата идеја не поминува кај сите холивудски актери.
„Не. Тоа е строго не. Тука нема никаква дилема“, изјави тој.

Гослинг и Мендес се во долгогодишна врска, а се верува дека тајно се венчале во 2022 година. Заедно имаат две ќерки, Есмералда и Амада.
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Ќерките го инспирирале за новата улога
Тој откри и дека токму неговите ќерки го инспирирале да ја прифати улогата во новиот научнофантастичен трилер „Проект Хаил Мери“. Станува збор за екранизација на романот од Енди Вир од 2021 година, во која Гослинг го игра астронаутот Рајланд Грејс, човек чија мисија е да го спаси човештвото од изумирање.
Говорејќи за одлуката да ја прифати улогата, Гослинг рече дека му е особено важно да учествува во приказна што покажува за што сè се способни луѓето. Тој додаде дека филмот не сугерира дека нема да има проблеми, туку дека тие можат да се решат.
„Филмот не се преправа дека проблемите не постојат, туку порачува дека можеме да ги решиме. Енди Вир е навистина посебен писател во тоа. Мислам дека токму затоа луѓето толку ја сакаат книгата“, рече тој.

Филмот „Проект Хаил Мери“ во кината пристигна на 20 март.
The post ВИДЕО | Рајан Гослинг откри дека никогаш не би го правел она што го прави Харисон Форд во спалната соба appeared first on Слободен печат.

ВИДЕО | Рајан Гослинг откри дека никогаш не би го правел она што го прави Харисон Форд во спалната соба


ВИДЕО | Рајан Гослинг откри дека никогаш не би го правел она што го прави Харисон Форд во спалната соба

Автори:

ПОВРЗАНО

Што ќе ве научи еден разведен човек за бракот – откако ми се случи разводот, сите работи ги гледам на поинаков начин

STREAMER.MK

Што треба младоженецот да направи пред свадбениот ден!

STREAMER.MK

Што треба да знаеш, ако се вљубиш во човек – рак во хороскоп

STREAMER.MK