Иран рано утрово изврши нова серија напади каде лансираше ракети и беспилотни летала во Саудиска Арабија, предизвикувајќи огромен пожар во Ал Џубаил, најголемиот индустриски комплекс во земјата.
Нападот се случува во време на ескалација на конфликтот во Заливот и зголемени тензии меѓу Иран и САД, по заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја нападне иранската инфраструктура.
Geoconfirmed. Two Iranian ballistic missiles hit around the Jubail Industrial Complex. Unlike previous reports, these do not show hits to any power generating station, but possibly hits to oil/gas infrastructure. +/- 10 degrees for sight lines. @FaytuksNetwork @GeoConfirmed https://t.co/6fGbyYrwR9 pic.twitter.com/ktvnajldJd
— Mitchell Ulrich (@Mitch_Ulrich) April 7, 2026
Ал Џубаил е град во кој се наоѓаат клучните петрохемиски и енергетски капацитети на Саудиска Арабија. Се простира на повеќе од 1.000 квадратни километри и е дом на повеќе од 150 индустриски постројки кои генерираат помеѓу 7 и 12 проценти од БДП на Саудиска Арабија. Снимките од местото на настанот покажуваат силна експлозија и разорен пожар во една од нафтените постројќи во комплексот, пренесуваат регионалните медиуми.
Саудиска Арабија го потврди нападот
Министерството за одбрана на Саудиска Арабија соопшти дека воздушната одбрана пресретнала седум балистички ракети насочени кон источниот регион на земјата, а остатоците паднале во близина на енергетските постројки.
„Пресретнавме и уништивме 7 балистички ракети насочени кон источниот регион“, изјави официјален портпарол на социјалните медиуми, додавајќи дека се во тек проценки на штетите.
Заканата на Трамп и рокот за Иран
Нападот доаѓа во услови на зголемени тензии во конфликтот меѓу САД и Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги бомбардира сите мостови и електрани во Иран ако Техеран не ја отстапи контролата врз Ормускиот Теснец. Рокот што тој го постави за Иран истекува вечерва во 2 часот наутро по европско време.
The post ВИДЕО | Иран жестоко ги нападна нафтените капацитети на Саудиска Арабија appeared first on Слободен печат.
ВИДЕО | Иран жестоко ги нападна нафтените капацитети на Саудиска Арабија

