СКОПЈЕ

Делови од Аеродром и Центар без вода, улица во Волково денеска без струја

blank

Во некои делови од Скопје денес се најавени привремени прекини во снабдувањето со вода и електрична енергија поради технички интервенции.
Pоради поврзување од стара на нова водоводна мрежа на улицата „Божидар Рајковиќ“, прекинато водоснабдување од 09:00 часот имаат корисниците од улицата „Божидар Рајковиќ“ и дел од Горно Лисиче во општина Аеродром. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со работните активности.
Во Центар пак, поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „Партеније Зографски“ број 49 со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата „Партеније Зографски“. Водоснабдувањето е прекинато од 9:00 часот, а прекинот ќе трае се до завршување на работните активности.
Истовремено, корисниците на улицата „95“ во Волково поради планирани зафати во мрежата ќе останат без струја од 09:00 до 14:00 часот, информираа од РЦУК-Скопје.
The post Делови од Аеродром и Центар без вода, улица во Волково денеска без струја appeared first on Слободен печат.

Делови од Аеродром и Центар без вода, улица во Волково денеска без струја


Делови од Аеродром и Центар без вода, улица во Волково денеска без струја

Автори:

ПОВРЗАНО

🟢 СКОПЈЕ ДОБИВА НОВО ЛИЦЕ: 100 ЕКОАВТОБУСИ

STREAMER.MK

📽️ СКОПЈЕ ПОВТОРНО ЌЕ ЗАСВЕТИ НА 15 ДЕКЕМВРИ Ѓорѓиевски ги повика скопјани и вети шоу за сите генерации

STREAMER.MK

📽️ СКОПЈЕ И ЧАИР СЕ БУДАТ БЕЗ ЃУБРЕ Меџити најави ново поглавје, градот ќе биде гордост на граѓаните

STREAMER.MK