ТЕНИС

Aлкараз и Синер сигурни на стартот во Монте Карло

blank

Најдобриот светски тенисер во моментов, Карлос Алкараз, имаше сигурен старт на мастерс-турнирот во Монте Карло, откако без мака го прескокна првото коло со убедлива победа над Себастијан Баез од 6-1, 6-3.
Шпанецот целосно ја потврди фаворитската улога, диктирајќи го темпото од самиот почеток и не оставајќи простор за изненадување. Со четири брејка и сигурна игра, Алкараз ја заврши задачата за нешто повеќе од еден час. Во следната рунда го очекува нов аргентински противник, Томас Мартин Ечевери.
Сигурен настап имаше и Јаник Синер, кој без загубен сет го совлада Уго Умбер со 6-3, 6-0. Италијанецот помина нешто повеќе од еден час на теренот, задржувајќи свежина за продолжението, каде што ќе се соочи со Франциско Черундоло.
The post Aлкараз и Синер сигурни на стартот во Монте Карло appeared first on Слободен печат.

Aлкараз и Синер сигурни на стартот во Монте Карло


Aлкараз и Синер сигурни на стартот во Монте Карло

Автори:

ПОВРЗАНО

📽️ ТОА БИ САКАЛ ДА МИ ПИШУВА НА ГРОБОТ, ОТКРИ АСОТ Ѓоковиќ си ја отвори душата пред познатиот Пирс Морган

STREAMER.MK

📽️ НЕОЧЕКУВАН ГЕСТ НА НОВАК И РОЏЕР Публиката посведочи историски момент?

STREAMER.MK

📽️ АМАТЕР ГО ШОКИРАШЕ ТЕНИСКИОТ СВЕТ Џордан Смит победи ѕвезди како Синер и Алкарас и стана милионер

STREAMER.MK