ТЕНИС

Ѓорческа во Мадрид тргна со победа над Јапонката Саито

blank

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со сигурна и убедлива игра го отвори настапот на челинџер-турнирот во Мадрид, совладувајќи ја Јапонката Сара Саито со 6-4, 6-4.
Ова за Ѓорческа е прва победа по пауза од два месеци, по серијата од два порази, а до триумфот стигна во меч исполнет со бројни брејкови. Македонската тенисерка беше поуспешна на сервис на противничката, освојувајќи дури 12 гема, наспроти петте на Саито.
Дуелот траеше околу час и половина, а Ѓорческа со голема борбеност успеа да ги приведе двата сета во своја корист со идентичен резултат.
Во следното коло ја очекува сериозен предизвик против осмата носителка Алина Корнеева, која во моментов се наоѓа на 122. место на ВТА-листата.
The post Ѓорческа во Мадрид тргна со победа над Јапонката Саито appeared first on Слободен печат.

Ѓорческа во Мадрид тргна со победа над Јапонката Саито


Ѓорческа во Мадрид тргна со победа над Јапонката Саито

Автори:

ПОВРЗАНО

📽️ ТОА БИ САКАЛ ДА МИ ПИШУВА НА ГРОБОТ, ОТКРИ АСОТ Ѓоковиќ си ја отвори душата пред познатиот Пирс Морган

STREAMER.MK

📽️ НЕОЧЕКУВАН ГЕСТ НА НОВАК И РОЏЕР Публиката посведочи историски момент?

STREAMER.MK

📽️ АМАТЕР ГО ШОКИРАШЕ ТЕНИСКИОТ СВЕТ Џордан Смит победи ѕвезди како Синер и Алкарас и стана милионер

STREAMER.MK