Министерот за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево, од денеска престојува во дводневна посета на Република Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ова е прва официјална посета на Прево на земјава.
Шефот на белгиската дипломатија Максим Прево во дводневна посета на земјата

