МОДА

ФОТО | Згодната Сидни Свини ја претстави новата колекција долна облека – фотографиите се повеќе од провокативни!

blank

Американската актерка Сидни Свини објави серија фотографии со кои ја промовира новата колекција од својот бренд долна облека.
Ѕвездата на серијата „Еуфорија“ (Euphoria) ја претстави колекцијата со наслов „Заводница“, позирајќи во ретро кино амбиент, со реквизити како пуканки и кармин. На фотографиите, таа носи неколку различни модели, меѓу кои и бел чипкан сет, корсет и црна елегантна комбинација, со што ја задржа препознатливата естетика на кампањата.
„Уште малку од нашата заводница“, напиша актерката во описот на објавата.

Свини и овојпат остана доследна на својот маркетиншки пристап, кој комбинира естетика, сензуалност и внимателно осмислена визуелна приказна. Нејзиниот бренд „Сајрен“ веќе привлече внимание уште на самиот почеток, кога актерката предизвика реакции со необична промотивна акција во Лос Анџелес.
Сидни Свини / Фото: Инстаграм/Сидни Свини
Во едно од своите обраќања, таа истакна дека идејата зад брендот е да се прикаже комплексноста на женскиот идентитет.
„Сакав да создадам простор каде жените ќе можат да ги изразат сите свои страни. Не сме само едно нешто – секоја жена е повеќе од една улога“, изјави Свини.

Таа нагласи и дека зад брендот стои тим составен од жени, како и дека колекциите се дизајнирани да одговараат на различни типови на тело.
Сидни Свини / Фото: Инстаграм/Сидни Свини

ФОТО | Сидни Свини ќе продава градници: Холивудската актерка го претстави својот бренд за долна облека со провокативна фотосесија

The post ФОТО | Згодната Сидни Свини ја претстави новата колекција долна облека – фотографиите се повеќе од провокативни! appeared first on Слободен печат.

ФОТО | Згодната Сидни Свини ја претстави новата колекција долна облека – фотографиите се повеќе од провокативни!


ФОТО | Згодната Сидни Свини ја претстави новата колекција долна облека – фотографиите се повеќе од провокативни!

Автори:

ПОВРЗАНО

Што облекоа посетителите на Моден викенд Скопје 2025?

STREAMER.MK

Што носеле Норманите

STREAMER.MK

Што можеме да научиме од Ескимите: Како да се облекуваме на студ за да не ни биде ладно

STREAMER.MK