Американскиот претседател Доналд Трамп објави порака на својата социјална мрежа „Truth Social“ и упати до сега не забележана закана до Иран.
„Цела цивилизација ќе умре вечерва и никогаш нема да се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи. Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, во која ќе преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно добро – кој знае? Ќе дознаеме вечерва, во еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнуда, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да ги благослови големите луѓе на Иран!“, објави Трамп.
Ултиматумот на Трамп до Иран истекува вечерва
Трамп вчера повторно го помести рокот за Иран да постигне договор или да го отвори Ормускиот Теснец. Во најновото од низата одложувања, тој се закани дека ако нема договор, „Иран ќе го чека пекол“.
The post Трамп: Една цивилизација ќе престане да постои вечерва appeared first on Слободен печат.

