Државјанин на Македонија Н.К. (33) е приведен под сомнение дека синоќа усмртил 57-годишен пешак додека возел камион на автопатот кај Грделица, а потоа го напуштил местото на несреќата, соопшти денеска полицијата во Лесковац.
Пешакот им подлегнал на повредите на самото место.
Полицијата го идентификувала осомничениот, кој подоцна бил пронајден и приведен на подрачјето на Сремска Митровица.
Со наредба на Основното јавно обвинителство во Лесковац, осомничениот е приведен до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежниот обвинител со кривична пријава.
Возачот е обвинет за сторени кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај и за неукажување помош на повредено лице во сообраќајна несреќа.
The post КАМИОНЏИЈА УСМРТИЛ ПЕШАК НА АВТОПАТ, ПА ПОБЕГНАЛ Уапсен македонски државјанин во Србија appeared first on plusinfo.mk.
КАМИОНЏИЈА УСМРТИЛ ПЕШАК НА АВТОПАТ, ПА ПОБЕГНАЛ Уапсен македонски државјанин во Србија

