Овни, имате наплив на енергија и брзо ги решавате обврските, но избегнувајте конфликти со колегите. Ќе бидете директни и отворени, но внимавајте да не бидете премногу импулсивни. Партнерот може да побара повеќе внимание. Можна е напнатост, ќе уживате во физичка активност.
Бикови, фокусирани сте и упорни, па можете да го завршите она што сте го одложувале. Ќе барате сигурност и стабилност. Убав ден за нежност и мирни разговори. Се чувствувате добро, но внимавајте на исхраната.

