ЗДРАВЈЕ

(ВО ЖИВО) Болници, лекови, специјализанти, пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

blank

Веќе сме во живо: Сите прашања што директно го допираат здравјето на граѓаните – од терапијата што недостига, до условите во кои се лекуваат пациентите. Македонското здравство со години се соочува со истите проблеми: недостиг од лекови, хаос во болниците, притисок врз медицинскиот кадар и недоверба кај граѓаните. Онкологија повторно е во фокус поради реакции за недостиг на терапии, исто и пациентите со ретки болести, Детската клиника ја нарекоа „Бангладеш“, болниците во внатрешноста се соочуваат со сериозни недостатоци на услови, а Брзата помош функционира со ограничени ресурси и екипи – но и бројни проблеми за кои ќе чуете.Во „Претрес“, министерот за здравство Азир Алиу ќе одговара за состојбата во системот – како се случува да недостигаат лекови кои значат живот, зошто пациентите чекаат со часови за терапија, колку е сериозен проблемот со кадарот и дали државата има капацитет да го стабилизира здравството. Ќе се отворат и прашањата за специјализантите и нивниот статус, за листите на чекање, за сведоштвата за лош третман, но и за сомнежите за злоупотреби и неефикасност во системот.Од друга страна, се отвора и прашањето за улогата и капацитетот на министерот – како човек со кариера во информатичките науки се справува со здравствен систем кој со години е под притисок, и дали политиката повторно има предност пред стручноста.Разговорот ќе ги опфати и бројките што институциите ги презентираат, но и реалноста што граѓаните ја живеат секој ден – јазот меѓу официјалните податоци и искуствата на терен.

https://skopje1.mk/vo-zivo-bolnici-lekovi-specijalizanti-pusenje-brza-pomos-xaosot-pretres-na-ministerot-aliu
blank” alt=”(ВО ЖИВО) Болници, лекови, специјализанти, пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу” />

Автори:

ПОВРЗАНО

📷 ОПАСНА СПЕРМА СТИГНАЛА И ВО МАКЕДОНИЈА, НЕКОИ ДЕЦА ВЕЌЕ ПОЧИНАЛЕ Донатор со мутација станал татко на 197 деца

STREAMER.MK

🎥 РЕДОВНОТО ПУШЕЊЕ МАРИХУАНА НОСИ ИСТ РИЗИК КАКО ХИПЕРТЕНЗИЈАТА И ХОЛЕСТЕРОЛОТ Кардиолог предупредува дека пушењето џоинт можеби не е толку …

STREAMER.MK

🎥 ОПТОМЕТРИСТ ПРЕДУПРЕДУВА НА ВИЗУЕЛНИ СИМПТОМИ ШТО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИГНОРИРААТ „Понекогаш е нормално да се гледа низ магла, но ако е присутно …

STREAMER.MK