ФУДБАЛ

ВИДЕО | Силекс победи во Кавадарци за втор триумф во низа

blank

Силекс прикажа одлична игра на гостувањето во Кавадарци, каде што со убедливи 3-0 го совлада Тиквеш во рамките од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Со оваа победа, кратовци влегоа во серија од два последователни триумфи, а иницијативата од самиот старт им донесе резултат уште во 17. минута, кога Пиреш со глава ја затресе мрежата по прецизен корнер на Мирчевски.
Домашниот тим делуваше без идеја и енергија, а единствената посериозна шанса ја имаше Стојанов, но неговиот обид беше лесен плен за голманот Џеков.
Пред паузата, Силекс го зголеми водството, Алиќ во 41. минута, по асистенција на Додев, го постигна својот седми погодок сезонава.
Во второто полувреме немаше промена на ритамот, гостите целосно ја контролираа играта, додека Тиквеш не успеа да се наметне. Конечните 0-3 ги постави резервистот Кристијан Велиновски со атрактивен гол во финишот.
Во другиот натпревар одигран во Куманово, Башкими и Брера ремизираа без голови 0-0.
document.createElement(‘video’);


The post ВИДЕО | Силекс победи во Кавадарци за втор триумф во низа appeared first on Слободен печат.

ВИДЕО | Силекс победи во Кавадарци за втор триумф во низа


ВИДЕО | Силекс победи во Кавадарци за втор триумф во низа

Автори:

ПОВРЗАНО

📽️ТАЖНА И СТРАШНА СОБЛЕКУВАЛНА НА РАЈО ВАЛЕКАЊО ВО МАДРИД Полјаците снимија необично видео

STREAMER.MK

📽️ 📷 РОНАЛДО И ЏОРЏИНА ВО ОВАЛНАТА СОБА Трамп му даде „клуч од Белата куќа“, го прошета низ дворот и го угости на вечера

STREAMER.MK

📽️ 📷 МАСОВНА ТЕПАЧКА НА АЕРОДРОМОТ ВО ТУЗЛА Крвава пресметка меѓу „Торцида“ и „Делии“, поведени 23 лица

STREAMER.MK