Легендарниот француски кошаркар Нандо Де Коло оваа сезона ќе стави крај на играчката кариера, потврди 38-годишниот ветеран во своето последно интервју.
Де Коло, кој сезонава ја започна во Асвел, а пред неколку месеци се пресели во Фенербахче, во текот на кариерата освои две титули во Евролигата и сега смета дека е време да се повлече од професионалното играње кошарка.
„Ова ќе биде моја последна сезона. Никогаш не кажав дека ќе се повлечам ако ја освоиме Евролигата. Да биде јасно, ова е моја последна сезона, без разлика на конечниот исход. Во животот е важно да се има чувство за тајминг, мислам дека е дојден вистинскиот момент да кажам збогум“, истакна Французинот.
The post Легендарниот Нандо Де Коло заминува во пензија appeared first on Слободен печат.

