Кран се урна на градилиште во Белград, при што еден човек загина, а тројца се повредени, објави „Н1“.
Кранот, според неофицијални информации, бил натоварен со метална конструкција тешка 350 тони.
Репортер за „Н1“ вели дека итната помош се повлекува од местото. Таа, како што наведува тој, била таму со вклучена ротација. Тој неофицијално дознава дека на терен излегла и градежната инспекција.
– На градилиштето се одвиваат минимални активности – вели новинарот.
Засега нема податоци што точно се случило.
The post ВИДЕО | Кран се урна во Белград, загина еден човек appeared first on Слободен печат.

