Кошулите на риги ја имаат онаа ретка способност секогаш да изгледаат добро, без оглед на сезоната или пригодата. Тие се едно од оние парчиња кои не се врзуваат за трендовите, туку се враќаат во фокусот секојпат кога сакаме нешто едноставно, а сигурно.
Затоа ги сакаме во сите варијации, од класичните сино-бели комбинации до нешто понежните, пастелни тонови.
Кошула/Мода – Фото: Инстаграм/mvriamvrek
Разновидност и стил
Најголемата предност на кошулите на риги е начинот на кој се приспособуваат на различни стилови. Во комбинација со фармерки делуваат опуштено и секојдневно, додека со класични панталони, здолништа и блејзери добиваат сосема поинаков, поелегантен карактер.
Особено се интересни и во слоевити комбинации. Се носат преку топ, под блејзер или лесно раскопчани со едноставни парчиња облека, што им дава дополнителна флексибилност и ги прави идеален избор за различни пригоди.
Кошула/Мода – Фото: Инстаграм/inesisaias
Едноставен шарм
Ригите сами по себе носат динамика во изгледот (outfit), без потреба од дополнителни детали. Токму поради тоа, кошулата на риги често станува парчето кое ја „спасува“ комбинацијата кога не сакате премногу да размислувате што да облечете.
Кошула/Мода – Фото: Инстаграм/pauline__dt
И можеби токму во тоа е нивниот шарм, едноставни се, но никогаш не се досадни.
Во продолжение ги издвојуваме моделите кои потврдуваат зошто кошулите на риги секогаш одново се враќаат во нашиот плакар.
The post ФОТО | Кошулите на риги никогаш не досадуваат, а овие модели го докажуваат тоа appeared first on Слободен печат.
ФОТО | Кошулите на риги никогаш не досадуваат, а овие модели го докажуваат тоа

