ЗДРАВЈЕ

Зошто не е препорачливо да пиете вода што стоела цел ден

blank

Многу луѓе имаат навика да пијат вода која ја наполниле претходниот ден, но експертите предупредуваат дека тоа не е секогаш најдобар избор за здравјето, пишува „Хаф пост“.
Нутриционистката Кристен Смит објаснува дека се придржува до правило од 12 часа кога станува збор за чаша вода. По тој период, таа препорачува да се налее свежа вода наместо да се пие старата.
Сепак, според неа, водата може да се испие и по еден ден, но само ако не била изложена на нечистотии или оставена откриена.
„Во првите 12 часа нема доволно услови за значително размножување на бактерии. По тој период, се создаваат услови за нивно зголемување“, појаснува таа.

Доколку пиете вода што сте ја налеале вечерта, најчесто нема проблем. Но ако стоела цел ден, подобро е да се замени со нова, дури и ако е филтрирана. Дополнително, споделувањето на чаша или шише со други лица го забрзува развојот на бактерии.
„Кога некој пие директно од шише или чаша, бактериите од устата се пренесуваат во водата и почнуваат да се размножуваат. Затоа е најдобро водата да се испие веднаш, наместо да се остава за подоцна. Но ако немате друга опција, подобро е да ја испиете отколку да останете дехидрирани“, додава Смит.

The post Зошто не е препорачливо да пиете вода што стоела цел ден appeared first on Слободен печат.

Зошто не е препорачливо да пиете вода што стоела цел ден


Зошто не е препорачливо да пиете вода што стоела цел ден

Автори:

ПОВРЗАНО

📷 ОПАСНА СПЕРМА СТИГНАЛА И ВО МАКЕДОНИЈА, НЕКОИ ДЕЦА ВЕЌЕ ПОЧИНАЛЕ Донатор со мутација станал татко на 197 деца

STREAMER.MK

🎥 РЕДОВНОТО ПУШЕЊЕ МАРИХУАНА НОСИ ИСТ РИЗИК КАКО ХИПЕРТЕНЗИЈАТА И ХОЛЕСТЕРОЛОТ Кардиолог предупредува дека пушењето џоинт можеби не е толку …

STREAMER.MK

🎥 ОПТОМЕТРИСТ ПРЕДУПРЕДУВА НА ВИЗУЕЛНИ СИМПТОМИ ШТО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИГНОРИРААТ „Понекогаш е нормално да се гледа низ магла, но ако е присутно …

STREAMER.MK