РАКОМЕТ

Големо засилување во Битола: Мартин Серафимов ќе игра за Пелистер

blank

Актуелниот ракометен шампион Еурофарм Пелистер денеска официјално го потврди едно од најзвучните засилувања за следната сезона, ангажманот на македонскиот репрезентативец Мартин Серафимов, кој доаѓа од редовите на Алкалоид.
Битолскиот клуб преку социјалните мрежи објави дека десниот бек, кој е меѓу клучните играчи и во репрезентацијата ќе им се приклучи од сезоната 2026/27. Серафимов стави потпис на двегодишен договор и ќе претставува сериозно засилување за амбициите на „пелистерци“.
„Нашиот клуб секогаш бил асоцијација за македонската репрезентација и во секој успех вградил многу свои членови и протагонисти. Затоа секој потпис на македонски репрезентативец многу ни значи. Денес го официјализираме како наш нов член Мартин Серафимов, десниот бек на националниот тим. Тој потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер и од сезоната 2026/27 ќе му се стави на располагање на стручниот штаб“, соопшти Пелистер.

Пред да се пресели во Алкалоид, Серафимов настапуваше за Металург, а во Битола се очекува да пристигне на почетокот на јули, кога ќе стартуваат подготовките за новата сезона.
The post Големо засилување во Битола: Мартин Серафимов ќе игра за Пелистер appeared first on Слободен печат.

Големо засилување во Битола: Мартин Серафимов ќе игра за Пелистер


Големо засилување во Битола: Мартин Серафимов ќе игра за Пелистер

Автори:

ПОВРЗАНО

📽️ РАУЛ НА МАКЕДОНСКИ ИМ СЕ ОБРАТИ НА СРПСКИТЕ РАКОМЕТАРИ „Ако некој шутира…“

STREAMER.MK

Шундовски ќе го спасува Е.Пелистер

STREAMER.MK

Шундовски најде “лек” за непобедливите, Пелистер слави против Вардар 1961 (Видео)

STREAMER.MK