Три лица се повикани на разговор во полиција затоа што управувале дрон во близина на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера во 19:30 часот во Скопје, во полициска станива Карпош е извршен службен разговор со И.С.(25), Г.Х.(30) и Д.М.(28), затоа што претходно биле затекнати додека управувале дрон без соодветна дозвола во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
https://skopjeinfo.mk/upravuvale-dron-bez-dozvola-vo-blizina-na-sc-boris-trajkovski-tri-lica-povikani-na-razgovor-vo
