ФУДБАЛ – ПЛЕЈОФ ЗА ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ ГОДИНАВА
Македонската репрезентација вечерва гостува кај Данска, во полуфиналето на доигрувањето за пласман на СП 2026. Македонија третпат игра во плејоф, на првото учество беше вкупен победник и дебитира на ЕП 2020,
а второто учество беше за пласман на СП 2022, кога стигна до финалето на тој плејоф
Македонската репрезентација вечерва (од 20.45 часот) ќе игра во Копенхаген, со селекцијата на Данска, што за црвено-жолтите ќе биде трето учество во плејоф за пласман на големо фудбалски натпреварување. Вечерашниот дуел е меч од доигрувањето за пласман на Светското првенство (СП) годинава во САД, Мексико и во Канада. Победникот во вторник ќе игра во финалето на патеката Д од европскиот плејоф, на гости со Чешка или со Република Ирска, во натпревар за пласман на 23. планетарен фудбалски шампионат.
Натпреварот во Копенхаген ќе биде четвртиот меѓусебен дуел на двете репрезентации. Во претходните три, секоја селекција забележа по една победа (Данска со 1-0, Македонија со 3-0), а еден натпревар заврши нерешено, и тоа првиот квалификациски меч на Македонија на меѓународната сцена, во 1994 година, во Скопје, 1-1.
Н.М.
ЕВРОПСКИ ПЛЕЈОФ ЗА ПЛАСМАН НА СП 2026
Патека А
Патека Б
Патека Ц
Патека Д
The post Македонија тргнува по прв настап и на светските првенства appeared first on Нова Македонија.

