Луис Хамилтон ја искористи паузата во календарот на Формула 1 за дружење со Ким Кардашијан во Јапонија, а заедничкото возење во исклучително скап и редок автомобил „ферари“ го сподели на Инстаграм. Ова е првпат Ким да се појави на неговиот профил, пренесува „Пипл“.
document.createElement(‘video’);
Возачот на Формула 1 во понеделникот го објави третото продолжение од својот серијал „Токио дрифт“, во кое се гледа како вози „ферари Ф40“ на познатото собиралиште на љубителите на автомобили – паркингот Даикоку. Станува збор за легендарен суперавтомобил кој се произведувал од 1987 до 1992 година, а чија вредност денес се проценува на неколку милиони долари.
Во видеото, Хамилтон вешто дрифтува и прави „крофни“ на асфалтот, а кога чадот од гумите се расчистува, во крупен кадар се појавува Ким Кардашијан на совозачкото седиште.
– Ова е лудо – вели Ким на крајот од возењето со широка насмевка.
Иако за нивната врска се шпекулира со месеци, ова е првпат да ја потврдат на социјалните мрежи. Парот првпат беше виден заедно во февруари на Супербоул, а потоа и во март на одмор кај езерото Пауел во Аризона.
The post ВИДЕО | Конечно ја потврдија врската – Хамилтон ја провози Ким Кардашијан во ретко „ферари“ appeared first on Слободен печат.
ВИДЕО | Конечно ја потврдија врската – Хамилтон ја провози Ким Кардашијан во ретко „ферари“

